
Додека во Собранието се расправа за зголемување на глобите и казните со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот, предлогот за новиот Кривичен законик кој се наоѓа во Европската комисија не предвидува значително заострување на глобите и казните. Членот за загрозување на безбедноста во сообраќајот, според предлогот кој Алсат ексклузивно го обезбеди во ноември минатата година, не предвидува затворски казни по принципот „exoficio“. Членот 297 кој во новиот предлог станува член 405 повторно предвидува највисоката затворска казна до 3 години, која во отежнителни околности во зависност од одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот може да се зголеми и до 4,5 години.
Загрозување на безбедноста во сообраќајот
„Учесник во сообраќајот кој не ги почитува правилата и на тој начин го загрозува сообраќајот со тоа што ги изложува на опасност животите и телата на луѓето или нивниот имот во значителен обем,поради што лицето ќе има телесна повреда или ќе претпри значителна материјална штета ќе му се изрече парична казна или казна затвор во траење од три години“, стои во Член 405 (поранешен член 297).
Најголемата интервенција се очекува да биде во членот кој најмногу ја загрозува безбедноста на луѓето во сообраќајот. Одредбите од Поглавјето за несовесно возење во моментов го регулираат само брзото возење во зависност од областите каде што се одвива сообраќајот, но не предвидуваат директни казни и директно не пропишуваат дали жртвите се резултат на небрежност.
Несовесно управување со возило
„Учесникот во сообраќајот кој не се придржува до правилата во сообраќајот и со тоа несовесно го загрозува сообраќајот управувајќи го возилото без вештини за контрола како резултат на влијание на алкохол со присуство на најмалку 1,5промили во крвта, дрога или други супстанци, возење во забранет правец, претекнување на конвои на места каде нема јасен поглед или возење со брзина поголема од 50km/h во живеалиште или 70km/h надвор од населените места над дозволената брзина ќе се казни со парична казна или три години затвор“, стои во Член 404 (нов член) .
Со предвидените измени, за кои однапред се расправа во Собранието, полицијата тврди дека треба да се зајакне членот 297, додека како итна потреба се гледа ставањето во функција на системот „Безбеден град“ . Не се исклучува и набавка на тестови за брзо тестирање на присуство на дрога во организмот, конфискација на возилото при посериозни несреќи и зајакнување на контролите заради навремено откривање на лица кои сообраќаат без возачка дозвола./Алсат.мк