ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе им се суди на обвинетите полициски службеници во аферата „Пасоши“

Ќе им се суди на обвинетите полициски службеници во аферата со пасошите. Кривичниот суд треба да закаже рочиште за 11 обвинети во аферата, откако скопското обвинителство против нив поднесе обвинителен предлог. Единствено недостапен за судењето останува осомничениот Раиф Мифтари, кој е во бегство, а кој наводно ги поттикнувал полициските службеници да издаваат пасоши со туѓи идентитети.

„Обвинителниот предлог согласно АКМИС системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно постапување и кога ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени“, наведуваат од Кривичниот суд.

Првиот полицаец Спасовски оскуден со информации за аферата. Во интервју дадено за „Телевизија 21“ не откри нови детали, иако обвинението е веќе стокмено. Повтори само дека истрагата ќе се прошири.

„И таа да дојде дотаму каде што треба да дојде и каде што ќе се обезбедуваат докази. И тоа не е важно веќе ни колку високо ќе дојде во хиерархијата во МВР или до каде ќе дојде на други лица коишто не се вработени во МВР“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Во меѓувреме, обвинителството и натаму истражува кои од вработените во МВР издавале фалсификувани пасоши, според хиерархијата во полицијата. Обвинителството бара и информации кои вработени, освен обвинетите, имаат пристап до личните податоци на граѓаните кои немаат извадено пасоши. Дополнително на сè, Обвинителството го задолжи МВР да провери дали и кога странските криминалци ги употребувале фалсификуваните пасоши. За четири години во МВР биле издадени 214 вакви пасоши претежно за лица по кои трагал Интерпол.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button