ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе има одговорност за пронајдената дрога и ножеви во ќелиите во Идризово

По претресот во затворот Идризово, надлежните најавуваат дека ќе има одговорност за лицата кои дозволиле влез на недозволени предмети во затворот. Ова го изјави директорот на Управата за спроведување санкции и министерот за правда.

Според нив, случајот е документиран и истрагата продолжува за докажување на одговорноста за која велат дека не треба да биде само дисциплинска. Во претресот се одземени повеќе од 50 мобилни телефони, 37 ножеви, психотропни супстанци и други недозволени предмети. Директорот Спасовски и министерот Тупанчевски велат дека претресот во оваа институција бил неселективен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button