ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе расправа ли денеска Собранието за пописот?

Денеска би можело да се одржи седница на Собранието на чиј дневен ред ќе се најдат измените на Законот за попис, со кој тој треба да се одложи за септември, како што претходно се договорија лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

„Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на партиите застапени во Собранието биле подготвени да се одржи седница на која ќе се најдат измените на Законот за попис, освен Алијансата за Албанците и Алтернатива, се наведува во соопштението на претседателот на Собранието Талат Џафери издадено по вчерашната координација.

Според законот кој сѐ уште е во сила пописот на населението треба да почне денеска и да трае до 21 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button