ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се бира нов изведувач за двата факултета-карабини во кампусот на УКИМ

Ќе се бира нов изведувач за двата факултета-карабини во кампусот на УКИМ

Работите почнаа пред околу 8 години, но зградите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ долго време изгледаат вака…..

Тука требаше да има плус два нови факултета – за физичко образование и за информатички науки. Тие требаше да бидат изградени во барок од штипската фирма Бетон, но фирмата е во стечај, а веќе неколку години работите се заглавени.

Од Министерството за образование, како инвеститор на објектите, велат дека во годинашниот буџет обезбедиле пари за нив. Ќе има тендер за нов изведувач.

„Сега сме во постојана комуникација со универзитетските власти и во рамките на Министерството за образование и наука се обезбедени средства и за оваа намена. Се прави последната подготовка, поточно последните консултации за тендерската документација и многу скоро ќе има јавен повик за избор на изведувач и за продолжување на градежните работи на овие два факултета“, рече Агим Нухиу, заменик министер за образование и наука.

За овие два објекта досега се потрошени 3,3 милиони евра. Фирмата „Бетон – Штип“ во 2015 година го доби тендерот од 20 милиони евра за изградба на двата факултета, но во 2019 година фирмата отиде во стечај. За она што дотогаш изградила, пари добила. „Бетон-Штип“ стана позната со истрагата за случајот „Тендери“ на СЈО за повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button