Ќе се формира посебна комисија за случајот со новороденчето со скршеница

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.
Со случајот, тврди, била запозната веднаш откако педијатрите изразиле загриженост за отечената рака на бебето.
Според неа по породувањето не можело да се утврди дали станува збор за скршеница бидејќи немало оток но откако се појавил веднаш била направена рентген снимка која ги потврдила сомнежите.
Според Јовановска причина била лошата поставеност на бебето и дека во таква ситуација станува збор за предвидена компликација која не се случува често.
Tаткото на бебе родено на 31ви Декември на Универзитетската Клиника за гинекологија тврдеше дека од него и сопругата било криено дека новороденчето има скршена рака за што дознале кога за првпат им било дозволено да го видат.