КОШАРКАСПОРТ

Кевин Дурант, стана осми играч во НБА со 30.000 поени!

Кошаркарите на Феникс Санс го претрпеа 27. пораз од почетокот на НБА сезоната, но натпреварoт со Мемфис (112-119) го издигна Кевин Дурент на космички височини кога се во прашање најдобрите стрелци во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, бидејќи тој стана осмиот играч со најмалку 30.000 поени во кариерата. Додека неговите соиграчи го напуштаа теренот со наведнати глави, тој имаше причина да се издигне, бидејќи не е мала работа да се приклучи во друштвото на Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.

Дурант, магичната граница ноќва ја мина со 34 поени против Мемфис, за кој се истакна Морант со 26 поени. Четири пати по ред кошаркарите на Торонто го извлекуваа подебелиот крај во НБА натпреварите, за на крај лошата серија да ја прекинат со победа над Филаделфија на домашен терен (103-106).

За 76-сиксерси ова беше четврти загубен натпревар по ред во НБА и по кој паднаа и од позициите кои што водат во плеј-офот. Барнс со 33 поени беше прво име кај победничката екипа, додека кај Филаделфија се истакна Ембид со 27 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button