СВЕТ

Кина спроведе нови воени вежби во близина на Тајван

Кинеската војска соопшти дека извршила нови вежби во близина на Тајван додека група американски конгресмени биле во посета на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија, и се сретнале со претседателката Цаи Ингвен, што Пекинг го нарече нарушување на кинескиот суверенитет. Петмина американски конгресмени, предводени од сенаторот Ед Марки, доцна во неделата пристигнаа во Тајпеј во ненајавена посета.

Тоа е втора американска делегација во последно време, откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван на почетокот на август, на што Кина одговори со големи воени вежби. Командата на Народноослободителната војска на Кина одговорна за Тајван објави дека во понеделник организирала повеќенаменски заеднички патроли за проверка на борбената готовност и воени вежби во морето и воздушниот простор околу Тајван.

Вежбите се „силна мерка за одвраќање на Соединетите Држави и Тајван од продолжување на политички трикови и поткопување на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец“, се додава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button