СПОРТ

Киплимо од Уганда постави нов светскиот рекорд во полумаратон

Џејкоб Киплимо од Уганда, го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 48 секунди. Киплимо го истрча полумаратонот во Барселона за 56 минути и 42 секунди – што е за 48 секунди подобро од неговиот претходен најдобар резултат.

Претходниот рекорд го држеше Јомиф Кејелча, со 57 минути и 30 секунди.

„Тоа беше совршена трка. Идеална температура, без ветер, фантастична патека – сè помина подобро од очекуваното. Пејсмејкерот го постави договореното темпо од 2:45, но се најдов полн со енергија и решив да внесам побрз ритам од третиот километар. Но, никогаш не замислував да настапам под 57 минути, тоа е неверојатно “, изјави Киплимо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button