ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кирил Петков: Во Скопје доаѓам месецов

Бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредно видео обраќање по вчерашната седница на Консултативниот совет за национална сигурност ја оцени расправата како навремена и корисна, додавајќи дека ќе го посети Скопје до крајот на месецов. Според него, дебатата покажала дека сите учесници имаат заедничка цел – надминување на застојот во односите со Македонија и давање нов почеток во стремежот за добрососедство.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот што вчера го свика Советот, како и на парламентарните групи за нивното учество. Заедно се обединивме околу една заедничка цел – добрососедство. Ја потврдивме постојната позиција на Бугарија во нашите односи со Р.С. Македонија“, рече премиерот.

Според него, даден е нов почеток на дијалогот што треба да се случи во наредните месеци со Македонија.

„Во овој нов почеток, треба да разговараме за важни прашања за двете земји за правата на Бугарите во Северна Македонија, заедничката инфраструктура, заедничкиот културен календар, европската интеграција и историјата“, додаде тој.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button