ВЕСТИСВЕТ

Кисинџер со предупредување до Бајден: Да се релаксираат односите со Кина!

Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер го предупреди идниот американски претседател Џо Бајден дека неговата администрација треба брзо да започне со обновување на комуникацијата со Кина или да ризикува кризата да прерасне во воен конфликт.

„Ако нема основа за какво било заедничко дејствување, светот ќе падне во катастрофа што може да се спореди со Првата светска војна“, рече Кисинџер за време на воведната сесија на Форумот Блумберг за новата економија.

– Америка и Кина сега сѐ повеќе се склони кон конфронтација и ја водат својата дипломатија на конфронтативен начин. Постои опасност да се појави криза што ќе се претвори од реторика во вистински воен конфликт“, оцени Кисинџер.

Американско-кинеските односи се на најниско ниво во последните неколку децении, а по избувнувањето на пандемијата на вирусот корона, која започна во кинескиот град Вухан, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за ширење на вирусот.

Извор: bloomberg

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button