ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Клинички центар: Јавното осветлување ќе се исклучи, но здравствени услуги ќе има

Енергетската криза ќе ги изгасне светилките на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза во Скопје“. Како мерка за заштеда на струја во текот на зимата, се најавува дека ќе биде исклучено јавното осветлување на кампусот како и помошните објекти, со идеја да заштедат 5% од електричната енергија. И покрај ова, Универзитетскиот клинички центар останува меѓу институциите кои најмногу трошат струја.

Според законот за снабдување со електрична енергија, болниците и клиниките како посебни здравствени установи се меѓу потрошувачите чие снабдување со енергија не смее да биде прекинато и покрај долгот.

Според министерот за здравство Беким Сали, енергетската криза нема да ги попречи здравствените услуги, туку повторно ќе бидат упатени до Владата за помош при враќањето на долговите поради досегашната неодговорност.

Додека овие долгови го отежнуваат снабдувањето со медицински материјали, јавното здравство преку донации се снабдува со медицинска опрема.

На Клиниката за пулмологија и беа доделени 12 концентратори на кислород за терапија од последиците на Ковид.

Според податоците ,меѓу најголемите должници се државните болници со вкупно 7,6 милиони евра долгови, од кои 6,5 милиони од последните 12 месеци, додека најголем должник е Универзитетската клиника „Мајка Тереза“. Центар, каде припаѓаат речиси 90% од неплатените фактури.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button