Вчера во Ургентниот центар на КЦС во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што изнесува вкупно 17. За нивната состојба утрово во изјава говореше Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС.
– Сите пациенти имаат сериозни повреди опасни по живот. Од осумте, тројца се на респиратор, што значи дека им е потребна механичка вентилација. Површината на телото погодена од повреди на изгореници се движи до 25%. Нагласувам дека имаат симптоми на интоксикација и изгореници на дишните патишта и затоа се опасни за живот. По приемот се започна со дијагностички и терапевтски процедури. Од осуммина, седум се лекувани во услови на операциона сала – изјави Стојичиќ за РТС.
Објасни дека некои пациенти ќе бидат подложени на операција. „Денеска продолжува нивното лекување во операционите сали и планот е да бидат оперирани во наредните денови.