ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клиниката Козле, со нова директорка

Клиниката Козле, со нова директорка

Директорката на детската клиника во Козле, која побара медиумите да не го споменуваат нејзиното име од денес, повеќе не вд, бидејќи со одлука на министерот за здравство е разрешена од функцијата.
На местото на Симоновска, за вд директор е назначена Катерина Бошковска, велат во соопштението од Министерството за здравство.

“За нова директорка на Универзитетската клиника за респираторни болести на деца “Козле” е назначена проф. д-р Катерина Бошковска, која е дел од тимот на оваа институција повеќе од дваесет години. Д-р Бошковска е субспецијалист по педијатриска пулмологија”, велат од Министерство за здравство.

Разрешувањето на Симоновска дојде по нејзиниот судир со колегите на состанокот на институцијата. Докторите побарале нејзино разрешување поради нејзината одлука да ја отпушти доктор Веселинка Митровска-Јосифовска. Таа во нејзината реакција побара медиумите да не го споменуваат нејзиното име под закана дека ќе се соочат со тужба.

Ова нејзино барање предизвика бројни реакции во јавноста. Од ЗНМ нејзиното барање го нарекоа како јавен притисок насочен кон медиумите, додавајќи дека таквото известување претставува директна цензура на новинарите и ја поткопува слободата на изразување и независноста на медиумите./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button