ЗДРАВСТВО

На Ортопедија при ТОАРИЛУЦ пуштено во функција целосно опремено реновирано крило

На Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) денес е пуштен во функција целосно опремен реновираниот Оддел А, со болнички капацитети, санитарни чворови, простории за болнички пациенти.
Увид во реновираното крило денеска направија премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), др. Александар Трајановски потенцираше дека после повеќе години едно цело крило од Клиниката за ортопедија целосно се реновира. Притоа, се заблагодари на поддршката од Владата и од министерот Филипче.

– Како директор веќе девет месеци, единствено нешто што ме води е пациентот и сакам да има задоволни пациенти, затоа што ако има задоволни пациенти ќе има задоволен медицински кадар. Оваа Влада доволно направи за дигнитетот на здравствениот кадар. Нас ни преостанува само да се посветиме на пациентите и да ја вршиме нашата работа најдобро што знаеме, додаде д-р Трајановски.

Во изминатиот период, се работеше на целосно обновување на овој оддел, со цел да се обезбедат услови за пациентите според највисоките стандарди. Станува збор за 11 нови, комплетно опремени соби со капацитет од 30 кревети. Односно, 2 апартмани, оддел за детска ортопедија, оддел за спортски трауматизам и онколошка отропедија. Со реновирањето е извршена комплетна замена на медицинскиот инвентар, инвентарот во помошните простории за медицинскиот персонал, како и собата за вршење на општи ортопедски прегледи.

Со ова, се докажа посветеноста на Клиниката да се овозможат најсовремени здравствени услуги, кои гарантираат безбедност и сигурност кај сите граѓани и ова е само дел од планираните проекти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button