КОШАРКАСПОРТ

Кливленд Кавалирс, четвртиот тим што обезбеди пласман во плеј-офот

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим од Источната Kонференција во НБА лигата што обезбеди пласман во плеј-офот. Претходно од Истокот место во разигрувањето обезбедија Милвоки, Бостон и Филаделфија.

Кливленд, славеа убедлива победа над Хјустон 108:91. Џерет Ален со 24 и Донован Мичел со 22 поени го предводеа Кливленд до деветтата победа во последните 11 натпревари.

Кавалирс за првпат по 2018 година изборија пласман во плеј-офот.

 

Резултати:

Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button