
Познати се можните ривали на сите 4 екипи од Македонија, ако ја минат првата рунда.
Шкендија како првак игра квалификации за Лигата на шампионите. Во 1. коло игра со ТНС од Велс. Ако успее да го мине првото коло во елитата, тимот од Тетово може да се соочи со Слован Братислава (Словачка), Карабах (Азербејџан), ФСЦБ/Ескаладес и Олимпија Љубљана/Каират. Доколку испадне од ТНС, Шкендија ќе игра во 2. коло на Конференциската лига на УЕФА, таму ќе биде носител и ја чекаат поразените од Дрита (Косово)/Диферданж (Луксембург), Иберија (Грузија)/Малме (Шведска), Шелбурн (Ирска)/Линфилд (С. Ирска).
Вардар како освојувач на Купот игра во Конференциската лига. Ако ја пројде Ла Фиорита од Сан Марино, можен е дуел со Шамрок Роверс (Ирска), Санта Клара (Португалија), Балкани (Косово), Данди Јунајтед (Шкотска), Лозана (Швајцарија).
Силекс се соочува со Дечиќ од Црна Гора, а ако го мине во 2. коло на КЛ може да игра двомеч со Рапид (Австрија), Јагјелонија (Полска), Биркиркара (Малта)/Петрокуб (Молдавија), Атлетик Ескаладес (Андора)/Диферданж (Луксембург) и Крајова (Романија).
Работнички го чекаа двомеч со Торпедо од Белорусија и ако биде подобар, во втората рунда можен е дуел со Макаби Хаифа (Израел), Борац БЛ (БиХ), Арарат (Ерменија), Австрија Виена (Австрија) или Академија Пушкаш (Унгарија). /Гол.мк/