ВЕСТИСВЕТ

Кобна грешка, лекарите по операцијата сфатиле дека на пациент му отсекле погрешна нога!

На клиниката во Фриштат, во провинцијата Горна Австрија, направена e страшна грешка од страна на медицински тим, кој му ампутирал погрешна нога на 82-годишен пациент, пишува Гардијан.

Ногата на пациентот морало да биде ампутирана, но по грешка, пред операцијата, ја обележале  погрешната нога, изјавил директорот на клиниката, Норберт Фрич.

Само еден ден по операцијата, при промена на завојот, откриено е дека е ампутирана погрешната нога. Истрагата за целиот случај е во тек, а надлежната докторка по сопствено барање е суспендирана.

– Треба да откриеме како се случила грешката. Сакам јавно да се извинам – изјавил Фрич.

Особено е трагично што самиот пациент, врз основа на бројни други болести што ги има, не бил свесен дека му е ампутирана погрешната нога. За жал, тој сега мора да остане и без другата нога и таа операција треба да се изврши наскоро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button