ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кој доби македонско државјанство по последните законски измени?

Новинар: Фатлуме Дервиши

Не е јасно колку лица добиле државјанство од стапувањето во сила на новите одредби од Законот за државјанство донесени во јули 2021 година. Најголемиот број апликации се разгледуваат. Во постапка се 359 предмети од лица кои поднеле барање по член 7 од законот, односно лица кои до 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија и кои обезбедиле најмалку еден од документите потребни за потврдување на тоа. Други 1.375 барања се од раселени лица.

Постапки за државјанство
359 предмети согласно член 7 од Законот за државјанство
1.375 барања од раселени лица

Министерството за внатрешни работи демантира дека намерно ги одолговлекува случаите.

„Управната постапка што ја следи МВР за добивање државјанство на Република Северна Македонија е специфична и носи низа службени дејствија што значи дека покрај доказите што странката треба да ги обезбеди во оваа постапка, се обезбедуваат и доказите кои МВР ги добива по службена должност од други институции според Законот за државјанство… Целосно се неосновани тврдењата дека МВР наводно не постапува“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Но, албанската опозиција, која беше иницијатор за донесување на законот, се сомнева во неефикасната работа на институциите.

„Доколку продолжи ова темпо, законот кој сега е усвоен и ве уверувам дека сите граѓани кои го имаат овој проблем ќе можат да го решат прашањето за државјанството… Ваквиот пристап на Министерството за внатрешни работи само покажува дека тие во минатото намерно го одложуваа и спречуваа стекнувањето државјанство и на ист начин продолжуваат да го прават тоа и сега“, изјави Илире Даути, пратеничка на Алијанса за Албанците.

Пратеничката Даути во својот став се заснова на случајот кој пред неколку денови го објави Алсат. Имено, МВР го одби барањето за државјанство на Фидрије Далипи со образложение дека таа не живеела во земјава пред 8 септември 1991 година, односно пред прогласувањето на независноста. Меѓутоа, Далипи барала државјанство врз основа на извод од венчаница со државјанин на С. Македонија, кој датира од 2008 година. Согласно новите законски измени, државјанство може да добијат лицата кои се во брак со наш државјанин повеќе од три години и кои непрекинато живееле во земјава најмалку една година. Се смета дека има над 8 илјади лица кои имаат право да добијат државјанство според новиот закон./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button