ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Кој го кочи изборот на фирма за надзор на Бехтел и Енка?

Јавното претпријатие за државни патишта не успеа во рок од 40 дена да избере една од трите компании кои се пријавија на тендерот за надзор на градежните работи на компанијата Бехтел и Енка. На 25 октомври беа отворени понудите а до денес се поминати точно 44 дена, тоа значи дека комисијата при оваа претпријатие доцни 4 дена со изборот. Овој рок го соопшти лично министерот за транспорт Благој Бочварски.

„Службите во јавното претпријатие по разгледувањето на документацијата ќе ја разгледаат компелтноста на понудите, а потоа ќе биде информирана и јавноста“, вели Бочварски.

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми ниту денеска, како и вообичаено не одговори на нашите телефонски повици. Но од службата за односи со јавност кратко ни соопштија дека процесот за избот на фирма за назор не е пропаднат.

„Завршена е евалуацијата за избор на компанија. Во моментов има управна контрола на компаниите. Кога ќе биде завршен целиот процес на избор на надзор, јавноста ќе биде известена“, наведуваат од ЈПДП.
Ова е втор обид преку јавен оглас да се обезбеди компанија која ќе биде надзор на изградбата на патиштата од страна американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Според информациите понуди доставиле три странски компании, американска, француска и италијанска фирма, а понудите на тендерот се движеле од 25 до 18 милиони евра. Изборот на фирма за надзор е услов за старт на градежните работи, кои никако да почнат, иако од законското решение за изборот на Бехтел и Енка, како фирма која ќе гради повеќе автопатски делници, помина повеќе од година и половина. Нема конкретен одговор зошто изборот на фирма за надзор трае повеќе од шесет месеци – и се уште не е завршен.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button