СПОРТ
Кој заработи најмногу меѓу светските тенисери?

Италијанецот Јаник Синер е тенисер со најголема заработка во 2024 година и тоа сериозно се двои пред конкуренцијата.
Италијанецот доби вкупно 17.862.315 долари само од настапите на турнирите. Круна на сезоната беше трофејот на „Слемот на шесте крала“ на кој доби вртоглави шест милиони. Младиот тенисер е убедливо на врвот во финансиска смисла.
На второто место со речиси двојно помали приходи е Карлос Алкараз (9,7 милиони евра). Ова е особено интересно бидејќи и Синер и Алкараз освоија по два Грен слема годинава.