ВЕСТИСВЕТ

Колективна оставка! Падна холандската влада

Владата на холандскиот премиер Марк Руте колективно поднесе оставка поради извештајот во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца.

Тоа доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, пренесува националната телевизија НОС.

Руте ќе го извести кралот Вилем-Александар за таа одлука уште денеска и ќе одржи прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Ова е трет пат како кабинетот на Руте паѓа поради афера околу додатоците за згрижување деца, два месецa пред изборите за долниот дом на парламентот.

Парламентарната истрага заклучи минатиот месец дека е направена невидена неправда кон невини семејства, кои беа принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што доведе до невработеност, банкрот или развод.

Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамна.

Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра.

Семејствата оваа недела покренаа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии, Вопке Хоекстра и министерот за економија, Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување со субвенциите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button