ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колку се безбедни младите луѓе, особено учениците, кога се на интернет?

Колку се безбедни младите луѓе, особено учениците, кога се на интернет?

Младите, особено учениците од основните училишта, велат дека се трудат да останат безбедни додека користат интернет. Учениците кои ги анкетиравме рекоа дека повеќе не одговараат на пораки и линкови кои се сомнителни или им се бараат пари. Учениците, исто така, рекоа дека не ги споделуваат своите лозинки со никој друг.

„Користам интернет, но секогаш се трудам да бидам безбеден. Не кликнувам на линкови што изгледаат несигурни, и секогаш се обидувам да ја чувам лозинката приватна и само за мене. Не сакам да станам зависник од телефонот, сакам да го користам интернетот главно за да научам нови работи, да дознаам некои факти“, рече еден ученик.

„Спам“ пораките не ги отворам, секогаш ги блокирам или ги пријавувам линкови што мамат да заработуваат пари, тие се навистина само за хакирање на вашиот телефон или компјутер. Два до три часа го користам телефонот што е нормално за истражување за некој проект“, додаде една ученичка.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, рече дека родителите имаат клучна улога во заштитата на децата од онлајн злоупотреба. Андоновски апелираше на користење на различни апликации кои на децата им овозможуваат безбеден интернет.

Андоновски, исто така, рече дека хибридните напади, како што се оние со предупредувања за експлозивни направи во училишта, ќе продолжат да се случуваат, но останува на институциите како ќе одговорат./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button