ЕКОНОМИЈАСВЕТ

Колку заработи Русија од почетокот на војната со Украина?

Колку заработи Русија од почетокот на војната со Украина?

Русија во првите 100 дена војна во Украина од извоз на фосилни горива заработила 93 милијарди евра. Повеќето фосилни горива се пратени во Европската унија, а просечната извозна цена била околу 60 % повисока од минатата година, покажало новото истражување.

Имено, според извештајот на независниот Центар за истражување на енергијата и чистотата на воздухот “CREA” во Финска, дури 61 процент од извозот на руските фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милијарди евра.

Најголеми поединечни земји увозници на руските фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарда) и Италија (7,8 милијарди евра), стои во извештајот кој го објавил “AFP”.

Најмногу руски приходи од фосилните горива се однесуваат на сирова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот кој Русија го извезува преку гасоводи, нафтени деривати, природен гас и јаглен.

„Франција станала најголем купувач на природен гас во светот“

Иако рускиот извоз на фосилни горива паднал во мај бидејќи многу земји и компании го намалиле увозот на руски енергенти поради инвазијата на Украина, глобалниот раст на цените на фосилните горива продолжил да го полни рускиот буџет, па руските приходи од фосилни горива достигнале рекордни нивоа.

Руските цени за фосилни горива за извоз се во просек 60 проценти повисоки отколку минатата година, стои во извештајот.

Некои земји, како Кина, Индија, ОАЕ, го зголемиле увозот на фосилните горива од Русија, се наведува.

„Додека ЕУ разгледува построги санкции за Русија, Франција го зголемила својот увоз и станала најголем купувач на природан гас на светот“, рекла аналитичарката на “CREA”, Лори Миливирта.

„Со оглед на тоа дека повеќето од тоа купување не се однесува на долгорочни договори, тоа значи дека Франција свесно одлучила да ги користи руските енергенти по инвазијата на Украина“, додала таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button