МАКЕДОНИЈА

Комисијата за социјална политика и понатаму останува блокирана

Комисијата за социјална политика, демографија и млади и понатаму останува блокирана откако за  пратседателката Илире Даути беше изгласана интерпелација. Европскиот фронт засега нема намера да предложи ново име за претседател на комисијата, иако тоа официјално го побара Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Блерим Беџети вели дека никој не може да ги условува и да им кажува што да прават.

„Под диктат, тешко е да не принудат да дејствуваме. Г-дин Гаши не подели деловник на пратениците или се чинеше дека не е добро информиран , тој треба да го води Собранието, а не да биде неформален претседавач и координатор на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Беџети.

Прашање: Значи, вие не предлагате нов кандидат?

„Мислам дека одговорив, под диктат на ова парламентарно мнозинство и марионетата, формалниот спикер Африм Гаши во Собранието, не можеме да продолжиме да дејствуваме“, додава Беџети.

Претседателот на Собранието Африм Гаши пред неколку дена најави дека нема да дозволи да се блокира работата на комисијата, а за законите кои ќе дојдат на разгледување, доколку има потреба, ќе назначи друг пратеник да раководи со комисијата. Гаши се надева дека ќе се постигне договор меѓу парламентарните партии, иако оваа комисија е на Европскиот фронт. Коалицијата ВЛЕН оставката на Даути ја оцени како погрешна, велејќи дека сега се оставени сами во борбата против законот за „бранителите“. ВЛЕН не ја поддржа интерпелацијата против Илире Даути, гласајќи против. Законот за „бранители“ беше главната причина што доведе до интерпелација и оставка на Даути, бидејќи таа постојано одбиваше да го стави на дневен ред предложениот закон на СДСМ.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button