ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести констатира зголемување на бројот на заболени од ковид-19

Kомисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела. Според податоците на комисијата зголемувањето изнесува 65.8%. Од комисијата исто така констатираат и дека нема зголемување на бројот на хоспитализации, односно, во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид. Во однос на бројот на смртни случаи, нема зголемување.

„Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“. велат од Комисијата.

Од Комисијата за заразни болести порачуваат дека внимателно се следи состојбата и во зависност од промените ќе донесат соодветни препораки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button