ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Компаниите кои ја злоупотребија помошта и по една година без санкции

За газдите кои пред една година земаа државна помош за исплата на плати но не им ги дадоа на вработените сеуште нема кривична одговорност, иако уште во август лани беше побарано од ОЈО да се утврди одговорност за сите компании кои што ја злоупотребија помошта. Од УЈП велат дека обвинителството постојано бара дополнителни информации.

„Ние сме во постојана комуникација со Основното јавно обвинителство , зошто истото тоа обвинителство постојано бара и од нас дополна на соодветни информации кои што се однесуваат за конкретните компании кои што ја злоупотребија државната помош. Веројатно бидејќи станува збор за обемен процес за поголем број на компании ќе треба повеќе време за постапување од ОЈО“, рече Сања Лукаревска- Директорка на УЈП.

Праксата за неисплатени плати на вработените продолжи и по престанок на помошта на државата во вид на исплата на плати. Заклучно со октомври речиси 15 илјади вработени не добиле плати.

„До сите овие 5513 обврзници се испратени опомени и согласно нашиот календар на активности следно во наредниот период, денес или првиот работен ден по празникот ќе треба да бидат доставени блокади“, додава Лукаревска.

Покрај платите, расте и бројот на компании на кои по направените контроли им се констатирани неправилности. Во последните oсум месеци се извршени речиси две илјади контроли, каде по основ на даноци и придонеси компаниите кон УЈП должат речиси една милијарда денари.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button