ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комуниколози: Нетранспарентноста на преговорите со Бугарија, впечаток дека нешто се крие

Граѓаните на С. Македонија добиваат информации од медиумите или политичките фигури на другата страна во врска со разговорите што земјава ги води со кој било од нејзините соседи. За време на преговорите со соседна Грција за промена на името, предлогот првично беше објавен во грчките медиуми. Неодамна од бугарските медиуми дознавме дека на претставникот на земјава во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, му бил даден акциски план. Во меѓувреме, институциите кај нас не дадоа никакви информации. Ваквиот нетранспарентен пристап, според комуниколог Жанета Трајковска, предизвикува сомнеж дека нешто се крие. Ова, според неа, ја зголемува недовербата на граѓаните кон институциите и ѝ олеснува на другата страна да ја праќа пораката која нејзе ѝ треба.

Ваквото однесување на власта во Скопје е резултат на немањето стратегија за решавање на проблемот, смета комуникологот Магдалена Михајловска. Според неа, транспарентноста на институциите би ја подобрила позицијата на нашата земја во преговарачкиот процес.

Според Михајловска, нашите институции имаат право да одлучуваат кои информации ќе ги објават заради чувствителноста на ваквите сложени прашања, но од друга страна, не смее да бидат целосно затворени.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button