ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комуниколози за писмото на Заев: „Ја релативизира одговорноста на Филипче“

Писменото обраќање на премиерот Зоран Заев, по трагедијата во модуларната болница во Тетово, наидува на остри критики во јавноста. Во овој потег на Заев се препознава обид за релативизирање на одговорноста, како од морален, така и од кривичен аспект. Стручно мислење за содржината на соопштените кое беше потпишано од премиерот побаравме од комуниколози. Универзитетската професорка Јасна Бачовска – Недиќ го анализирала соопштението. Таа смета дека станува збор за многу блага изјава во однос на тежината на трагедијата која се случи и однесе 14 животи.

„Во изјавата не е доволно јасно повлечена кривичината и политичката одговорност којашто треба да се понесе во овој случај, затоа што во изјавата доминира истрагата којашто треба фактички да ја фиксира одговорноста. Меѓутоа ние како граѓани на ова општество, во овој микро-настан фактички откриваме низа системски грешки“, вели Јасна Бачовска – Недиќ, Универзитетски професор.

На професораката во очи ѝ паднал делот каде Заев бара јавноста и медиумите да бидат внимателни во јавната комуникација.

„Еден друг момент во самата изјава е на некој начин потенцирањето на внимателноста во јавните коуминикации коишто ги подвлекува премиерот. Во овој момент сметам дека ваквото подвлекување на јавните комуникации е неумесно во самата изјава бидејќи слободата на мислата, повикувањето на одговорност, дури несмасното повикување на одговорност во овој случај е потребно“, додава таа.

Бачовска – Недиќ заклучува дека вчерашното владино соопштение потпишано од Зоран Заев е обид да се релативизира политичката одговорност на министерот за здравство Венко Филипче. Во еден дел од соопштението Заев вели и дека дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство и неговиот заменик, како и на директорите во тетовската болница, ќе зависело од истрагата која се води и информациите кои ќе ги добиел.

Поради ова, дел од правниците на социјалните мрежи порачаа дека премиерот како претседател на влада и дел од извршаната власт, не може и не смее да има детали од истрагата која ја води обвинителството.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button