ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кондово и Свиларе трет ден без вода, жителите предупредуваат на радикални мерки

Веќе три дена делови од Кондово и Свиларе се без вода. Нема ниту техничка. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не соопштуваат детали колку ќе трае дефектот и кога се очекува да заврши санацијата. Жителите се револтирани и предупредуваат на радикални мерки. Велат, недозволиво е во 21 век да се три дена без вода.

„Ова е неприфатливо, не се толерира. Три дена без вода е ненормално. Тотално сме парализирани, не можеме да функционираме. Од Водовод ни велат дека ќе испратат резервоари за вода за пиење. Но, водата за пиење е најмал проблем бидејќи може да се купи и во продавниците, но што да се прави со другите технички работи, перење алишта, тушеви, садови и многу други потреби за домаќинството“, вели жител на Кондово.

„Немам коментар, навистина е неподнослива ситуација. Децата треба да се мијат, да се подготват за на училиште, работниците за на работа…, ова само кај нас се случува“, вели друг жител на Кондово.

Во меѓувреме, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштуваат дека се работи за голем дефект на цевка Ф-400 и оти се работи на отстранување на дефектот, но без да прецизираат кога се очекува да заврши санацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button