Непозната болест се шири во Конго пред се кај децата, а загрозени се и неухранетите луѓе, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која испрати свои експерти во регионот да ја испитаат епидемијата.
Во најновиот извештај СЗО објави дека во периодот од 24 октомври до 5 декември се регистрирани 406 случаи на мистериозната болест, а од нејзините последици починале 31 лице, пренесе Ројтерс.
Симптоми на болеста, чија причина не е утврдена, се треска, главоболка, кашлица, течење на носот и болки во телото.