
По триумфот на Милан над Парма со 3-2 благодарение на головите во судиското продолжение главна тема не се фудбалерите кои приредија фантастичен камбем, туку конфликтот меѓу тренерот Серџо Консеисао и дефанзивецот Давиде Калабрија.
Португалскиот стратег говореше на оваа тема изјавувајќи дека веќе страстите се смирени, додавајќи дека е задоволен бидејќи тензијата дошла за време на натпреварот, што покажува страст.
„Понекогаш со адреналинот кој го носи натпреварот мора да се живее со страст за овој спорт. Сметам дека тоа е добра работа. Мене ми беше во ред бидејќи ситуацијата се случи за време на натпреварот. Тоа е исто како со децата. Ако се однесуваат лошо, мора да реагирате. Јас сум директен, фудбалерите знаат дека градиме врска и дух кој на крајот се покажа како пресуден“, изјави Консеисао.