ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Континуирано зголемување на нови случаи со Ковид19

Континуирано зголемување на нови случаи со Ковид19. Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 325 нови случаи со Ковид 19. По главниот град, Тетово продолжува да е на врвот на листата на градови со најмногу заразени, а се зголемува и бројот на хоспитализирани лица .

„На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов има 23 болни пациенти со Ковид 19. Од нив 21 се на кислородна терапија. Најголем дел од нив се од Тетово, Гостивар и Кичево“

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека сите хоспитализирани пациенти се во тешка здравствена состојба.

„На 20 пациенти им е потребна кислородна терапија или кислородна поддршка. Петмина од пациентите се во критична состојба и прогнозата е висок ризик и да заврши со смртоносен исход на болеста. Доминира Скопје, Тетово, Куманово, Кичево во моментов. Не може целото население да се лекува само на едно место, затоа Министерството за здравство организира „Ковид“ центри низ цела Македонија. Ниту една држава во светот го нема тој луксуз да се справува со сите потреби на своите граѓани. Ги молам сите директори на Здравствените домови и болници да ги активираат ковид центрите и да ги подготват за граѓаните “.

Министерот за здравство Венко Филипче за АЛСАТ рече дека и покрај зголемувањето на бројот на заразени, не се размислува за воведување рестриктивни мерки. Лекарите препорачуваат граѓаните да ги почитуваат мерките, да не се собираат во затворени простории и да носат маски. Лекарот Демири има дури и апел за иселениците.

„Нашите луѓе кои се привремено вработени на запад, ги молам така како што ги почитуваат превентивните мерки во земјите каде што живеат и работат да ги почитуваат и тука за време на посетата истите мерки и да ги спасат своите семејства.“

Од 23 пациенти примени на Инфективната клиника во Скопје, шест се вакцинирани, од кои пет со две дози и еден со една доза. Министерството за здравство објави дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози, 167 се заразени 14 дена по добивањето на втората доза. Само 11 од нив се хоспитализирани. Според властите, овие бројки се показатели за ефективноста на вакцините. Процесот на вакцинација продолжува. Досега се вакцинирани 528.117 граѓани, од кои 416.614 во две дози.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button