ВЕСТИКлиматски ПромениСВЕТ

Би-Би-Си: Најголемите производители не го поддржаа укинувањето на јагленот како енергенс

Барањето за укинување на јагленот како извор на енергија вчера го поддржаа уште 23 земји на климатската конференција на ОН, но на тоа сѐ уште се противат Кина и САД, едни од најголемите производители на горивото што го предизвикува глобалното затоплување, пренесува Би-Би-Си.

Самитот КОП 26 се обидува да најде начин да се постигне целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 Целзиусов степен во однос на прединдустриските нивоа.

Емисиите на штетни гасови од согорувањето јаглен поединечно придонесуваат најмногу за климатските промени, така што намалувањето на неговата употреба е клучно за постигнување на климатските цели.

Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Во 2020 година емисиите на јаглерод диоксид се намалија за 5,4 отсто поради опаѓањето на економската активност, но новиот извештај на „Global Carbon Project“ проценува дека емисиите годинава ќе се зголемат за 4,9 отсто.

Побогатите земји се согласија да го укинат јагленот како извор на енергија до 2030-тите, а сиромашните до 2040-тите.

Во моментов, термоелектраните произведуваат повеќе од една третина од електричната енергија во светот. Многу земји во развој се потпираат на евтин јаглен, како што тоа го правеле денеска развиените земји во времето на Индустриската револуција во 19 век.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button