ВЕСТИСВЕТ

Корона откриена на сладолед! Повлечена целата серија, работниците тестирани

Вирусот корона е пронајден на сладолед произведен во источна Кина, пo што следувало блокирање на сите количини од истата серија.

Компанијата за храна Дакијаодао во Тијанџин, близу Пекинг е затворена, а нејзините вработени се тестирани за коронавирус, се вели во соопштението на локалната власт. Засега нема индикации дека некој  се заразил со вирусот од сладоледот, бидејќи, како што пренесува Гардијан, повеќето од 29.000 пакети од таа серија допрва требало да се пласираат на пазарот. Инспекцијата утврдила само дека 390 пакети биле продадени во Тијанџин и оти властите и од други региони се информирани за случајот. Состојките во сладоледот вклучуваат млеко во прав од Нов Зеланд и прав од сурутка од Украина. Кинеската влада сугерира дека болеста, која за прв пат беше откриена во централниот град Вухан на крајот на 2019 година, е дојдена од странство, посочувајќи на откритија на вирусот во увезена риба и друга храна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button