ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Корона вирусот не ги штеди ниту затворениците во затворот Идризово

Корона вирусот не ги штеди ниту затворениците во затворот Идризово. Шестиот оддел на најголемиот затвор во земјава веќе седум дена е во целосен карантин. Поплаките на затворениците го достигнаа својот врв поради изолација поради ширењето на вирусот. Од затворската полиција не ни беше дозволено да го преминеме безбедносниот периметар за да не дојдеме во контакт со затворениците.

„Овде, во затворот Идризово, движењето е ограничено заради ограничувачките мерки поради пандемијата, особено во областа каде што еден од затворениците има симптоми на ковид 19 и целиот оддел е изолиран и тука движењето како што можете да видите, е ограничено“.

Од Центарот за јавно здравје во Скопје соопштија дека 58 затвореници се изолирани во тој оддел, бидејќи еден од нив бил позитивен на ковид 19.

„Во текот на денешниот ден добивме брисеви од 12 затвореници, кои имаа директен контакт со заразениот. Од нив, четворица затвореници имаат лесни сомнителни симптоми од корона вирусот. Според протоколот, овој оддел ќе биде во изолација 14 дена, каде 58 затвореници ќе имаат посебен режим на движење во просториите, во различно време од затворениците на другите оддели.“

Не можејќи да се доближиме до ќелиите поради ризик од ширење на инфекцијата, пораките на затворениците ни ги пренесоа членовите на нивните семејства, кои чекаа за посети. Синот на доживотниот затвореник Мухамет Красниќи од Малишево раскажува за забраната за посети.

„Да, имавме пречки поради ширењето на коронавирусот, но сега тие ни дозволија да ги посетиме повторно.“

Од затворската управа велат дека намалувањето на посетите се прави за да не се пренесе вирусот однадвор.

Од почетокот на пандемијата во затворот Идризово мешу 1.065 затвореници кои издржуваат казна, имаше шест случаи на инфекција со ковид 19. Во „Идризово“ заразени биле и 26 затворски полицајци.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button