КОШАРКА

Кошарка, Македонија организатор на пред-квалификациски турнир

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде организатор на предквалификациски турнир за пласман на СП 2023 година. „Гости“ на Македонија во Скопје ќе бидат репрезентациите на Словачка и Швајцарија. Според ждрепката, избраниците на тренерот Драган Бајиќ, на турнирот во Скопје, ќе одиграат 4 натпревари, двапати со секој противник. Македонија најпрво се среќава со Швајцарија на 12 август, а 2 дена подоцна, Македонија ја предизвикува Словачка. На 16-ти август е вториот натпревар на Македонија против Швајцарија, пред да се сретне со Словачка на 18-ти август. Единствената дилема останува присуството на публика на трибините, што ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјата со пандемијата „Ковид 19“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button