КОШАРКАСПОРТ

Кошарка, САД загубија од Нигерија!

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави, доживеа сензационален пораз од репрезентацијата на Нигерија со резултат 87-90, во првиот подготвителен натпревар од предвидените пет, пред настапот на Олимписките игри во Токио 2020 година. Ова беше прв пораз на репрезентацијата на САД од африканска репрезентација. Во последниот натпревар на Олимписките игри во Лондон во 2016 година, САД ја совладаа Нигерија со 156-73, што беше и највисока победа во олимписки кошаркарски натпревар. Кевин Дурент во репрезентацијата на САД запиша 17 поени, а најефикасен кај репрезентацијата на Нигерија беше кошаркарот на Мајами, Геб Винсент, кој постигна 21 поен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button