РЕГИОН

Косово – 20 години затвор за Горан Станишиќ

Основниот суд во Приштина го осуди Горан Станишиќ на 20 години затвор, откако беше прогласен за виновен за убиство на 13 цивили во село Слови, Липјан, за време на војната во Косово. Специјалното обвинителство на Косово во обвинението наведе дека обвинетиот Горан Станишиќ, како припадник на резервните полициски сили на Министерството за внатрешни работи на Србија, во април 1999 година, во селата Слови и Трбовц, учествувал во иселувањето на албанското цивилно население и извршување убиства и други незаконски дејствија. Неговите постапки беа дел од голем и систематски напад на српските паравоени и полициски сили против албанското цивилно население, се наведува во обвинението. Бранителот на обвинетиот во завршните зборови, Љубомир Пантовиќ, ги доведе под знак прашање кредибилноста на сведоците. Тој рече дека сведоците не го навеле името на обвинетиот во ниту едно од нивните сведочења.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button