
Семејства, бројни граѓани и челници на Косово денеска оддадоа почит во Речак, на 26-годишнината од масакрот на српските сили извршен врз цивилното население во ова село.
Косовските државни челници бараат правда за жртвите на масакрот во Речак. Претседателката Вјоса Османи рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ продолжува да го негира масакрот во Речак,
„Кога лушето на Рачак беа масакрирани, во Србија пропагандата за оправдување на ваквите масакри ја правеше министерот за информации Александар Вучиќ. Денес, истиот под маската на претседателот на Србија, продолжува да го негира масакрот на Рачак, го негира она што светот го виде и го нарекува Милошевиќ голем човек со добри намери. Како пропагандист, тој зборува за мир од една страна и испраќа терористички паравоени сили да го нападнат Косово од друга страна. Но, исто како и во 90-тите, исто како и денес, Косово има синови и ќерки кои се залагаат за татковината и го штитат секој нејзин сантиметар“, рече Османи.
Косовскиот премиер Албин Курти рече дека судењето и казнувањето на криминалците од масакрот во Речак треба да се одржи, дури и во нивно отсуство.
„Гробовите на земја, лузните по телото и душата, а убијците на слобода во Србија. Отворени гробови на земја, отворени рани на душата, затворени лузни на телото, затворени архиви во Белград. Злосторствата извршени за време на војната не требаше да се случат. Не требаше да се случат. Она што треба да се случи е правдата. Судењето и казнуваето на виновниците, дури и во отсуство. Во 1998-1999 годините се зборуваше дека битката завршила, но не и војната. Во однос на Србија, сега треба да се каже спротивното. Војната е завршена, но не и битката. Борбата за ослободување е завршена, но не и битката за правда“, рече Курти.
Амбасадорот Вилијам Вокер, кој пред светот го документираше српскиот геноцид на Косово, рече дека масакрот во Речак го претставува ужасното минато што Србија го направи на Косово, но и светлата иднина што ќе ја има Косово.
„Секој пат кога сум тука сакам да кажам дека Речак не само што го претставува ова ужасно минато во кое Србите им правеле ужасни работи на Албанците и на другите заедници. За мене, Речак претставува нешто многу светло и е иднината на Република Косово… Вчера, претседателот и премиерот ме прашаа дали можам да станам државјанин на Косово. Како што можете да претпоставите, одговорот на тоа прашање е, се разбира, да. Гордо би бил погребан овде во Речак“, рече Вокер.
Во селото Речак, српските сили убија 45 албански цивили на 15 јануари 1999 година. Сериозниот инцидент во селото предизвика меѓународен протест пред повеќе од две децении, кога НАТО одлучи да нападне српски воено полициски сили. Иако е документираоно, Србија сé уште го негира масакрот од 15 јануари 1999 година, кој означи голема пресвртница во историјата на Косово.
Шкелзен Аќифи