ВЕСТИРЕГИОН

Косово аплицира за членство во Советот на Европа

Косово аплицира за членство во Советот на Европа. Аплицирањето во Стразбур го поднесе министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, која се надева на позитивен одговор.

„Денес се отвора ново поглавје за Косово во Советот на Европа. Денеска започнува постапката за разгледување на нашето барање кое ќе помине низ различни инстанци на Советот на Европа, Парламентарното собрание и Советот на министри. Косово заслужува да биде членка на Советот на Европа“, рече Гервала.

Претседателот на Собранието на Косово, изјави дека постои волја кај многу земји да го поддржат Косово за членство во Советот на Европа.

„За една година се работеше многу, но работата е направена и во рамките на претходните влади, таа работа никогаш не престана. Дури и кога бев опозиција бев дел од делегацијата во Советот на Европа и работевме сите заедно, без разлика на политичките партии, бидејќи тоа е успех на Косово, а не на некоја посебна партија“, вели Глаук Конјуфца, Претседател на Собранието на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека со оваа постапка Косово го прекршил Вашингтонскиот и Бриселскиот договор. Тој за утре свика седница на Советот за национална безбедност.

„Наше е да не влегуваме во омраза и психоза на конфликт, туку да дадеме силен одговор, одговорно, рационално и сериозно“, рече Вучиќ.

Апликацијата ја разгледува Комитетот на министри и по разгледувањето на ситуацијата во Косово, последниот збор го дава Парламентарното собрание кое го сочинуваат национални претставници на земјите-членки. За приемот треба да гласаат дветретини . Во отсуство на Русија, која беше исфрлена од овој Совет на 16 март годинава, две третини од земјите-членки на оваа организација ја признаваат независноста на Косово.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button