ВЕСТИРЕГИОН

Косово и Израел воспоставуваат дипломатски односи

Косово и Израел денеска ќе потпишат договор за формално воспоставување дипломатски односи, неколку месеци по договорот за заемно признавање со посредство на САД. Како дел од договорот, Косово ќе отвори амбасада во Ерусалим. Косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај-Стубла и нејзиниот израелски колега Габи Ашкенази ќе го потпишат договорот виртуелно поради пандемијата на коронавирусиот. Претставници на израелското Министерство за надворешни работи посочија дека таканаречената Зум дипломатија ќе биде историска прва од двете земји кои воспоставуваат односи виртуелно преку комбинација на видео комуникација, скенирање документи и испраќање по е-пошта на договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button