ВЕСТИРЕГИОН

Косово ја смета за многу опасна иницијативата „Отворен Балкан“

Скопје и Приштина не се на иста линија во однос на регионалната соработка. Додека Косово силно се спротивставува на иницијативата Отворен Балкан, властите во земјата велат дека таа треба да биде сеопфатна. Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала за време на нејзиниот официјален престој во Скопје рече дека договорот потпишан вчера од лидерите на трите земји е познат како иницијатива на Нови Сад. Според неа, овој договор не носи ништо ново за сите земји во регионот и создава паралели со другите процеси кои имаат заедничка цел на регионот за интеграција во ЕУ.

„Како Република Косово, ја сметаме иницијативата на Нови Сад, во меѓувреме на мини-Шенгенот, а од вчера, Отворен Балкан, како опасна, бидејќи се создава впечаток дека имаме алтернатива на нашиот заеднички пат, како регион, кон ЕУ и пренесувањето на оваа порака сметаме дека е поопасно од доцнењата што може да се случат во меѓувреме за време на нашиот процес на интеграција“, рече Доника Грвала, министерка за надворешни работи на Косово.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, размислува поинаку. Тој дури рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ треба да биде сеопфатна.

„На оваа најнова иницијатива гледам како на обид да се додаде дополнителна вредност во контекст на продлабочување на регионалната соработка без да се обидам да го неутрализирам ефектот на другите постојни регионални иницијативи. Мислам дека за да се ослободи потребниот потенцијал во регионот, секоја регионална иницијатива мора да биде инклузивна“, рече Османи.

Грвала од друга страна рече дека шесте земји од Западен Балкан имаат заедничка регионална платформа каде сите земји се еднакви и овој акт се нарекува Берлински процес.

Вчера албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ потпишаа два меморандуми и меѓудржавен договор за олеснување на движењето на луѓе и стоки за време на промоцијата на „Отворен Балкан“.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button