СПОРТ

Косово очекува нов фудбалски селектор после Нова Година

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, потврди дека пред неколку дена во Приштина имало физички напад врз него. Била информирана полицијата, која започнала истрага за случајот. Првиот човек на косовскиот фудбал, откри и дека новиот селектор ќе биде познат по Нова Година, а последниот рок за тоа ќе биде март, кога почнуваат натпреварите во Лигата на нациите. Косово во рамките на квалификациите за „Катар 2022“ е на последното место во групата „Б“.

„На овој и на пријателскиот натпревар, Косово ќе го води стручниот штаб кој беше со Бернард Шаланд. Има многу одлични понуди, има многу имиња кои се заинтересирани и јас сум многу задоволен, бидејќи таквите имиња кои бараат да дојдат во Косово, не е само работа, туку и го ценат Косово и нашата репрезентација. Како и да е, мислам дека со новиот селектор ќе влеземе во Лигата на нациите која почнува од март до јуни. Затоа, верувам дека нема да има нов селектор, освен тој што го води Косово, барем до после Нова година или во март“, рече Агим Адеми- претседател на ФФК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button