РЕГИОН

Косово – Роднини на исчезнатите бараат протисок од Меѓународната врз Србија

Роднините на исчезнатите од Косово повикуваат меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија, а не само да ја игра улогата на олеснувач на дијалогот. Минатата година како приоритет се третираше ископувањето на масовната гробница во Кижевак, Србија, додека на Косово се работеше на девет различни локации каде беа ексхумирани само две тела. Бајрам Черкини, претседател на здружението „Гласот на родителите“ ја критикува Владата на Косово за немање стратегија.

„Не ние роднините, туку и оние кои завршиле трето одделение знаат дека злосторствата ги направиле Белград, Слободан Милошевиќ и криминалците. А, како мнозинство 1620 лица се на територијата на Србија. Зошто ми велите Белград ги има. Белград да, но вие не ја завршивте работата внатре, не ја завршивте работата“, вели Бајрам Черкини, претседател на Здружението „Гласот на родителите“.

Куштрим Гара од Косовската владина комисија за исчезнати вели дека во текот на минатата година приоритет билo ископувањето во Кижевак, каде во ноември 2020 година било потврдено постоењето на масовна гробница и посмртни останки.

„… во текот на првиот дел од 2021 година, особено во текот на месец мај 2021 година, беа пронајдени и ексхумирани посмртните останки на девет лица, жртви на војната, од кои седум беа нови идентификациии“, вели Гара.

Форензичарот Арсим Герџалиу вели дека е потребна повеќе работа и капацитети во процесот на расветлување на судбината на исчезнатите.

„Потребна е многу повеќе теренска работа и реактивирање на случаите, особено од 1999 до 2003 година. Затоа што во овој период имаме над шест илјади предмети, од кои 4019 ги работел Хашкиот трибунал без анализа на ДНК и над 2 илјади предмети кои ги погребале на свој начин, без анализа и без обдукција“, вели Герџалиу.

Комисијата за исчезнати лица годинава има намера да почне со работа на пет места – масовни гробници во Косово, како и за уште две во Србија. Околу 6.500 луѓе се водат за исчезнати од крајот на војната. Оттогаш во Косово и Србија се ексхумирани неколку масовни гробници, а досега се пронајдени околу 70 отсто од исчезнатите. Сепак, посмртните останки на над 1600 луѓе сè уште се непознати.

Мелихате Фазлиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button