ВЕСТИРЕГИОН

Косовскиот премиер Албин Курти го прими претседателот Стево Пендаровски

Премиерот Курти го прими претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Косово. Претходно, со државни почести беше примен и од неговата косовска колешка Вјоса Османи.

На заедничката прес-конференција на Пендаровски и Османи, македонскиот претседател рече дека очекува имплементација на договорите потпишани меѓу владите на Косово и на Северна Македонија.

„За време на разговорите ја истакнав мојата подготвеност за интензивирање на дијалогот и на највисоко политичко ниво. Денеска имавме искрен и конструктивен дијалог со претседателката Османи. Станува збор за две посветени пријателски земји и искористување на можностите за билатерална соработка во сите области. Северна Македонија и Косово се силни трговски партнери. Деновиве во Скопје се одржа првата средба на двете влади на која беа потпишани 11 билатерални договори. Очекувам тие да се спроведат“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button