Коцевски: Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени

Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени и токму поради тоа ја предложив јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева за функцијата, вели републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Коцевски, посочи дека Крстевска Цалева е јавен обвинител со интегритет и токму поради тоа ја предложил да раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
– Оваа јавна обвинителка е со интегритет и токму поради тие нарушени меѓучовечки односи, ценев дека најцелисходно е истата да врши одредени работи во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тоа не е в.д., туку е обвинител кој што ќе потпишува, ќе прима пошта, ќе распределува и ќе врши тековни работи, затоа што следи извештај, следи завршна сметка и т.н. Значи, мора некој јавен обвинител да врши определени работи и токму затоа, изјави Коцевски.
Прашан дали нејзиното повлекување од функцијата е направено под притисок и постапката за негово разрешување, Коцевски рече дека не бил известен од нејзина страна за барањето и оти за тоа дознал од Претседателката на Советот на јавни обвинители.