МАКЕДОНИЈА

Ковачевски даде оценка за актуелното партиско раководство на СДСМ

Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски не одговори директно дали планира реконструкција на поширокото актуелно раководство на партијата кое беше поразено на локалните избори, но како што рече, партијата моментално го имала најголемиот кадровски потенцијал, иако за изборите било забележано одредено неединство.

„Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата, да го вратиме единството во општеството, за да можеме да имаме и посилни, демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општество притоа имајќи го предвид јасниот пат на нашата држава во европските интеграции“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button