ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат

Ковачевски: Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат

Дел од мерките ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе се редизејнираат, со цел во периодот што претстои да бидат насочени кон поддршка на животниот стандард на оние граѓани кои се најпогодени од кризата. Мерките ќе бидат навремено подготвени и навремено презентирани, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

-Мора да се биде одговорен и во однос на буџетот и во однос на ликвидноста, стабилноста на финансискиот систем и затоа мерките се дизајнирани дел да бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе бидат редизејнирани, додаде Ковачевски.

Тој напомена дека во моментов Министертсвото за економија и Министерството за финансии веќе работат на редизајнирање на мерките.

-Мерките ќе бидат навремено подготвени и навремено презентирани со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, додаде премиерот.

Тој посочи дека сите мерки кои беа направени во март годинава беа многу детално планирани со аналитички пристап и консултации со меѓународни финансиски институции и беа насочени кон намалување на даночните приходи.

Како што рече, се уште е во важност намалувањето на ДДВ за електричната енергија, директни издатоци на најранливите категории на граѓани по 1000 денари месечно, директни издатоци на пензионерите по 1000 денари месечно, обезбедување на гарантни шеми, бескаматни кредити и поволни кредити со многу ниски камати за енергетска трансформација на компаниите.

-Дел од тие мерки не се укинати, а дел од мерките сега се редизејнираат, со оглед на тоа што пред нас претстои тешка зима, и ова е плански направено, во консултација со Меѓународниот монетарен фонд, со Светската банка и со сите други финансиски институции кои имаат експертиза и светски искуства, рече Ковачевски.

Премиерот рече оти предвидувањата на меѓународните финансиски институции се дека до крајот на годината би требало да дојде до стабилизирање на ценовните притисоци, што како што рече, ќе зависи и од развојот на војната во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button