ВЕСТИЕМИСИИЕмисија 360 СтепениМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Договорот за Коридорите 10 и 8 ќе се склучи со учество на меѓународна реномирана куќа

Ковачевски: Договорот за Коридорите 10 и 8 ќе се склучи со учество на меѓународна реномирана куќа

Премиерот Димитар Ковачевски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, коментирајќи ја забелешката на ЕК, наведена во Извештајот, а којашто се однесува на законот за стратешко партнерство за изградба на коридорите 8 и дел од коридорот 10, рече дека склучување на договорот ќе се случи со директно учество на странска реномирана куќа и оти проектот успешно и транспарентно ќе биде завршен.

„Она што останува е дека ние и изведувачите, пред се, ќе треба да ги уверат земјите членки на ЕУ дека тој закон, којшто е усвоен од страна на Собранието, дека ќе резултира со автопат, Коридор 8 и 10 по кој ќе се возат и македонските граѓани и компаниите…Договорот ќе биде склучен врз основа на совети и директно учество на меѓународна реномирана куќа, којашто ќе биде избрана на меѓународен тендер“, рече Ковачевски./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button